МТКФ го одбележа големиот јубилеј, 50 години карате во РМ

Специјални награди и по една монографија за 56 спортски и карате легенди

На свеченоста беше промовиран и документарен филм за каратето во РМ и за Венцислав Недев-карате тренер на векот во Македонија.

објавено: 2 октомври 2017 - 11:10

Македонската традиционална карате федерација на спектакуларен начин го одбележа големиот јубилеј 50 години карате во РМ.

Со специјални награди и по една монографија беа одликувани 56 спортски и карате легенди, подржувачи на карате спортот во РМ меѓу кој беа: Зоран Заев-Премиер на РМ, Дарко Каевски- директор на АМС, Кеико Ханада-Амбасадорка на Јапонија во РМ, Владимир Јорга, Венцислав Недев, Дејан Недев, Шабан Трстена, Насе Насев, Васил Тупурковски и многу други.

На свеченоста беше промовиран и документарен филм за каратето во РМ и за Венцислав Недев-карате тренер на векот во Македонија.

Претходно, во просториите на МОК од страна на Претседателот Васил Тупурковски беше приреден прием на В.Јорга, В.Недев и Д.Недев по повод јубилејот 50 години карате во РМ.

Тупурковски им го честите големиот јубилеј на македонските каратисти кој им посака во иднина да продолжат да остваруваат високи резултати на меѓународните натпреварувања.

Најново во Други спортови