НЕВЕРОЈАТНА БОРБА ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

СПЕКТАКЛ БЕЗ ПОБЕДНИК: Фјури двапати во нокдаун, но доминираше во 10 рунди! (ФОТО+ВИДЕО)

Британецот покажа „дел од магијата" која го красеше пред три години кога го сруши Владимир Кличко. Се шпекулира дека реваншот би можел да биде на Вембли.

објавено: 2 декември 2018 - 08:26

Тајсон Фјури беше двапати нокаутиран во текот на мечот, во деветтата и 12. рунда, но секој успеа да се дигне и заврши на нозе. Тие грешки веројатно и го чинеа победа, бидејќи Британецот практично доминираше во 10 од 12 рунди.

Затоа и на судиите им беше тешко да одлучат кој е победник. Да не беа тие нокаути од страна на Дионтеј Вајлдер, не би постоела ниту дилема.

Се чинеше дека Американецот ќе дојде до триумфот во самиот финиш на мечот кога следуваше силен удар со десната, а потоа кроше со левата рака.

Меѓутоа, Фјури не само што стануваше, туку и доаѓаше во позиција пред сирената уште еднаш да го раздрма Вајлдер.

Бројните известувачи од тој меч беа согласни дека британскиот боксер покажа дел од онаа борба од пред три години кога во Германија го совлада Владимир Кличко. Да потсетиме, во меѓувреме се бореше со алкохол и депресија, одземени му се сите појаси, но изгледа конечно се врати.

Конечните судиски резултати беа: 115:111 за Вајлдер, 114:110 за Фјури и нерешено 113:113 (Вајлдер-Фјури).

Тоа значи дека наскоро ќе имам реванш за WBC појасот кој моментно останува кај Вајлдер, се шпекулира дека ќе се одржи на Вембли.

Воедно, двајцата споменати боксери останаа без пораз во кариерата. Вајлдер до овој меч имаше скоро 40-0 (39 со нокаут), додека Фјури беше на 27-0 (19, нокаут).

Најново во Други спортови