НА ТУРНИРОТ ТОП 8 ВО САРАЕВО

Сребрен медал за Мојсовска

Македонските карате репрезентативки, членки на скопски „Макпетрол“, викендов учествуваа на силниот јубилеен карате турнир кој се одржа во главниот град на БиХ.

објавено: 23 април 2018 - 11:00

Викендов во Сараево, се одржа Јубилејот од 50 години на постоење карате во организација на најстариот карате клуб во Босна и Херцеговина К.К.Босна. По повод таа пригода во спортската сала Хуан Антонио Самаранч, се одржа интернационалниот карате турнир ,,Karate World Grand Prix,,-Алија Изетбегович Натпреварувањето за сениорките беше за ТОП 8 најдобри карате сениорки во тежински категории -68 кг и +68 кг.

Македонските каратистки Анѓела Мојсовска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска учествуваа на овој турнир.

Најдобар резултат влез во големото финале имаше младата репрезентативка Анѓела Мојсовска , која успеа да го освои сребрениот медал. Таа во елиминацискиот дел имаше три победи, а во финалето загуби од Ивона Чавар од БиХ.

Ова за Анѓела преставуваше многу добра контрола непосредно пред европското првенство за сениори-ки , кое треба да се одржи во Нови Сад, во средината на мај.

Најново во Други спортови