На ЕП во кик бокс во Скопје

Сребрени медали за Зекири, Крстев и Тодоров

Македонија остана без златен медал на Европсокото првенство за кадети и јуниори во Скопје...

објавено: 10 септември 2017 - 14:40

Mакедонија остана без златен медал на Европсокото првенство за кадети и јуниори во Скопје, откако Азрет Зекири во лајт контакт и Стефан Крстев и Марко Тодоров во лоу кик беа совладани во финачните борби.

Но и покрај тоа, сребрените медали се голем успех за младите кикбоксери и за Македонија.

Резултати од финалните борби на македонските репрезентативци:

89 кг: Азрет Зекири – Владимир Брочета (Србија) – лајт контакт, јуниори 0-3
48 кг: Стефан Крстев – Шамил Адухов (Русија) – лоу кик, кадети 0-3
54 кг: Марко Тодоров – Ердал Караташ (Турција) – лоу кик, кадети 0-3

Најново во Други спортови