Нашиот каратист загуби минимално со 1:2 од Ереј Самдан

Сребро за Емил Павлов во Дубаи

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал во Карате 1 Премиерлига во Дубаи, по минималниот пораз од 1:2 во финалето против Турчинот Ереј Самдан

објавено: 18 февруари 2018 - 16:38

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал во Карате 1 Премиерлига во Дубаи, по минималниот пораз од 1:2 во финалето против Турчинот Ереј Самдан.

Во израмнета борба Самдан беше нешто поактивен и поведе со 1:0, но нашиот каратист веднаш израмни на 1:1. Сепак клучниот поен за победа му припадна на турскиот каратист и тој го освои златото во категорија до 60 килограми. На турнирот учествуваа 48 каратисти, а Павлов забележа четири победи на патот до финалето.

Нашиот каратист беше подобар од Јуејонг Гу (Ј.Кореја) со 3:1, од Степан Ефименко (Русија) со 3:2, од Олег Филипович (Украина) со 6:0 и од Летонецот Келвис Калин со 5:3.

Најново во Други спортови