НОВИ УСПЕШНИ НАСТАПИ НА ПК „БЕТА“

Стефан Цветкоски со нов рекорд на 50 метри делфин

Во изминатиот викенд пливачиите на ПК „Бета" од Скопје, учествуваа на меѓународниот пливачки натпревар "22. Април" во Бања Лука и "Пирот опен" во Крагуевац, од каде се вратија со неколку освоени медали.

објавено: 23 април 2018 - 18:30

Во изминатиот викенд пливачиите на ПК „Бета“ од Скопје, учествуваа на меѓународниот пливачки натпревар "22. Април" во Бања Лука и "Пирот опен" во Крагуевац, од каде се вратија со неколку освоени медали.

Од пливачите кои настапија на меѓународниот натпревар во Бања Лука
- Стефан Цветкоски постави нов рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 28,17 и освои второ место, во дисциплината 100 метри делфин освои прво место и во дисциплината 200 метри делфин освои трето место.
- Љупчо Ангеловски освои трето место во дисциплината 50 метри делфин и успеа да се избори за финале во дисциплините 50 метри слободно и 100 метри слободно.
- Андреј Стојаноски освои второ место во дисциплината 400 метри слободно и второ место во дисциплината 1500 метри слободно а успеа да се избори за финале во дисциплината 400 метри мешано.

-Сара Анастасовска која настапи на меѓународниот натпревар Пирот опен освои прво место во дисциплината 100 метри грбно, второ место во дисциплината 100 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри грбно.

Најново во Други спортови