ПОЛЈАКОТ СО СЕДМА ПОБЕДА ОВАА СЕЗОНА

Стох со победа се врати во борба за кристалот

Камил Стох го доби натпреварувањето во скијачки летови во норвешкиот Викерсунд за да се врати во борбата за титулата во генерален пласман пред финалето на сезоната во Планица следната недела

објавено: 19 март 2017 - 17:10

Стох имаше летови од 238.5 и 237 метри за да собере 466.6 поени и да го победи јапонскиот 44-годишен ветеран Нориаки Касаи со 448 (239.5 и 241.5 метри) и Австриецот Михаел Хајбек со 430.4 (241.5 и 222.5 метри). По првата рунда лидер беше младиот Германец Андреас Велингер со 242 метри, но тој имаше лош втор скок и заврши на 18. место.

Ова е седма победа за Стох во овогодишната сезона од Светскиот куп, со што ја надополни разликата во генерален пласман пред Австриецот Штефан Крафт кој потфрли со вториот сок и заврши само петти со 424.8 поени (237.5 и 215 метри). Сега Крафт има 1.465 поени во генерален пласман, само 31 повеќе од Стох, а на програмата остануваат уште две индивидуални натпреварувања во Планица следната недела.

Утеха за Крафт е победата на РАВ норвешката турнеја со 2.298,1 поени, пред Стох и Велингер израменти на второто место.

ХС135 (М) - ВИКЕРСУНД (НОР)

1.Камил Стох (Пол) 466.6 (238.5+237.0)

2.Нориаки Касаи (Јап) 448.0 (239.5+241.5)

3.Михаел Хајбек (Авт) 430.4 (241.5+222.5)

4.Јохан Андре Форфанг (Нор) 428.7 (242.5+245.5)

5.Штефан Крафт (Авт)  424.8 (237.5+215.0)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

1.Штефан Крафт (Авт) 1.465

2.Камил Стох (Пол) 1.434

3.Даниел-Андре Танде (Нор) 1.181

4.Андреас Велингер (Гер) 1.001

5.Мациеј Кот (Пол) 945

Најново во Други спортови