На меѓународниот пливачки натпревар во Синделфинген

Стојаноски доплива до две трети места, Ангеловски - финалист

Андреј Стојаноски освои трето место во дисциплините 200 метри слободно и 200 метри мешано, додека пак Љупчо Ангеловски успеа да влезе во финале во дисциплините 50 метри слободно и 50 метри делфин.

објавено: 13 март 2018 - 11:30

Нашите најдобри сениори Љупчо Ангеловски и Андреј Стојаноски имаа свој настап на меѓународниот пливачки натпревар во Синделфинген.

На овој собир во Германија кој е квалификациски натпревар за предстојните Европски и Светски првенства нашите пливачи имаа успешни настапија и се вратија со медали и тоа:
Андреј Стојаноски освои трето место во дисциплините 200 метри слободно и 200 метри мешано.

Од друга страна пак, Љупчо Ангеловски успеа да влезе во финале во дисциплините 50 метри слободно и 50 метри делфин.

Најново во Други спортови