Нов пех во зимските спортови

Страотен пад на Канаѓанката Гањон во Лејк Луис

Канаѓанката Мери Мишел Гањон доживеа тежок пад на службениот тренинг во спустот од Светскиот куп во Лејк Луис

објавено: 1 декември 2017 - 13:50

Канаѓанката Мери Мишел Гањон доживеа тежок пад на службениот тренинг во спустот од Светскиот куп во Лејк Луис.

За среќа на 28-годишната девојка од Квебек се работи само за повреда на рамото, иако падот изгледаше страотно лошо.

Гањон и претходно имаше проблеми со истото, лево рамо, дури беше и оперирана и неизвесно е кога ќе се врати на ски-патеките.

Пред три дена австрискиот ски-скокач Томас Дитхарт доживеа тежок пад на тренинг во Рамсау и веднаш беше префрлен во болница со повреди на главата и на градниот кош.

Најново во Други спортови