ЛОШОТО ВРЕМЕ И „КОНТРОЛА" СИ ГО НАПРАВИЈА СВОЕТО

СТРАОТНО ПАЃАЊЕ: Трихичев ја проби оградата и остана да лежи крвав на снегот (ВИДЕО-ФОТО)

Рускиот скијач Павел Трихичев доживеа страотен пад за време на спустот одржан во алпската комбинација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, во кој со денови владеат неповолни временски услови.

објавено: 13 февруари 2018 - 15:50

Рускиот скијач Павел Трихичев доживеа страотен пад за време на спустот одржан во алпската комбинација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, во кој со денови владеат неповолни временски услови.

При брзина поголема од 60 километѕри, при еден скок, во условии на силен ветер, рускиот скијач ја загуби контролата, и при падот се заби во заштитната ограда. Остана да лежи неподвижно извесен период, а медицинските екипи, за среќа, реагираа многу брзо.


Трката беше во прекин петнаесетина минути, а Павел Трихичев веднаш беше префрлен во болница.
Според последните информации, рускиот спусташ не е потешко повреден, но ќе биде подложен на дополнителни тестирања.

 

 Miesten alppiyhdistetyn alussa nähtiin heti dramatiikkaa, kun Pavel Trikhichev ajoi rajusti ulos. Romar laskee numerolla 37. #PyeongChangFi#Olympialaisetpic.twitter.com/NsXjRTcx62

Најново во Други спортови