Ден на водни спортови во Струга

Струшкиот „триатлон“ - полн погодок!

Се одржаа по три трки во веслање, Кајак, Кану и СУП...

објавено: 10 септември 2017 - 17:00

Беа пријавени 70 спортисти од петте дисциплини. Учество зедоа Едриличарски Клуб Снегар Струга, како организатор, како и веслачки Клуб Струга, Кајак/Кану Клуб Струга, Акватика Јахтинг Клуб Охрид, Аква Тера Скопје.

Се одржаа по три трки во Веслање, Кајак, Кану и СУП. А поради лошите временски услови (недоволен ветер),трките во Едрење во класите Оптимист, Ласер 4.7 и 470 беа оставени за некоја друга прилика.

За сигурноста на учесниците се погрижи Црвен Крст Солферино Струга како и волонтери членови на ЕК Снегар Струга. Учество со свој штанд имаше и Американско Катче Струга.

„Им се заблагодаруваме на сите натпреварувачи како и сите граѓани присутни на настанот. Од особено задоволство ни причинува фактот што на овој спортски ден учество зедоа голем број на деца и родители кои имаа прилика да веслат, едрат, да се доближат до водните спортови и пред се, да се забавуваат. Се гледаме наредната година во поголем број со повеке активности“- порачаа организаторите на оваа убава манифестација.

Официјални резултати:

Кану:
1. Коста Хиохи / Томе Кукунеш
2. Сенад Џемо / Рамазан Иса
3. Кристијан Глигороски

Веслање:
1. Борче Тодороски
2. Марјан Николовски
3. Ева Попоска / Викторија Постолска

СУП млади
1. Теа Дуза
2. Бисера Ќуринска
3. Мерт Лушо

СУП Сениори
1. Кристијан Никодиновски
2. Ристо Чуркоски
3. Југослав Ќурински
4. Кики Мојсоски
5. Бојан Ристовски

СУП Севкупен пласман
1. Кристијан Никодиновски
2. Ристо Чуркоски
3. Југослав Ќурински
4. Кики Мојсоски
5. Теа Дуза
6. Бисера Ќуринска
7. Бојан Ристовски
8. Мерт Лушо

Кајак К1 200м пионери
1. Никола Малески
2. Илија Бунчески
3. Марко Ложанкоски
4. Давор Бунчески
5. Климент Нестороски
6. Андреа Петкоски
7. Петар Чавкоски / Сергеј Танаскоски
8. Јован Циркоски
9. Павел Маркоски
10. Климент Крстаноски
11. Делфина Наумоска

Кајак кадети, јуниори К1 200м
1. Никола Малески
2. Дамјан Жупаноски
3. Владимир Малески
4. Јаков Наумовски
5. Димитар Чавкоски
6. Андреј Чакарески
7. Кристијан Глигороски
8. Мартин Цикароски

 

 

Најново во Други спортови