На Меѓународниот таеквондо турнир

Тим Ниш, Бутел и Гладијатор најуспешни на „Скопје опен 2018"

Официјално настапија 530 натпреварувачи од 48 клубови од регионот.

објавено: 23 април 2018 - 15:00

На Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен 2018" севкупен победник е Тим Ниш со 82 бода, пред домаќинот Бутел со 80, Гладијатор од Бугарија со 76, Рамус Бугарија со 54 бода и Борец Скопје со 50 бода.

Официјално настапија 530 натпреварувачи од 48 клубови од регионот.

На овој турнир плакети за благодарност добија европскиот шампион Дејан Георгиевски, истата беше доделена од претседателот на МОК, Васил Тупурковски.

Плакета на третата на јуниорското Светско првенство Анамарија Георгиевска и додели директорот на АМС Дарко Каевски

ФОТО: ипон.мк


Рангирање по клубови

Пионери

1.Тим Ниш

2.Гладиатор Бугарија

3.Ахил Бугарија

Кадети.

1.Гладиатор Бугарија

2.Тим Ниш

3.Тигри Скопје

Јуниори

1.Бутел Скопје

2.Рамус .

3.Кобра Скопје

Сениори

1.Тирана таеквондо

2.Бутел Скопје

3.ААМ Приштина

 

Најново во Други спортови