КРАЈ НА СКОКАЧКИТЕ ДИСЦИПЛИНИ ВО ЛАХТИ

Тимската титула на големата скокалница за Полјаците

Полскиот квартет Пјотр Жила, Давид Кубацки, Мациеј Кот и Камил Стох го освои златниот медал на тимското натпреварување на големата скокалница на Светското првенство во Лахти

објавено: 4 март 2017 - 19:20

Полјаците беа фаворизирани за победата, откако на индивидуалното натпреварување на големата скокалница имаа четири скокачи меѓу првите осум.  На крајот тие беа речиси 30 поени пред Норвежаните, додека Австријците се закитија со бронзата.

Словенија, која толку многу очекуваше од Лахти преку браќата Превц, на крајот си заминува од шампионатот без медал, откако беа далеку на петтото место зад Германците.

ХС 130 ТИМСКИ (М) - СП ЛАХТИ (ФИН)

1.Полска 1.104,2

2.Норвешка 1.078,5

3.Австрија 1.068,9

4.Германија 1.052,9

5.Словенија 941,6

Најново во Други спортови