СПРИНТЕРСКА ПОБЕДА НА ИТАЛИЈАНЕЦОТ

Трентин најбрз во Каталонија

Италијанецот Матео Трентин (Квик Степ Флорс) е победник на четвртата етапа на Вуелта Еспања по незгодниот финиш во Тарагона

објавено: 22 август 2017 - 18:15

Италијанецот по 198.2 километри од Ескалдес до Тарагона, успеа да го победи домашниот фаворит Хуан Хозе Лобато (Лото Џамбо), откако се чинеше дека Шпанецот имаше предност во кривината пред финишот, за да стигне до својата прва етапна победа на Вуелта Еспања, откако претходно имаше победи и на Тур де Франс и на Џиро Д’Италија.

Крис Фрум (Тим Скај) заврши безбедно во главната група, за да ја задржи лидерската црвена маичка со две секунди предност пред Шпанецот Давид де ла Круз. Сепак, етапата беше лоша за еден од фаворитите за победа, Италијанецот Доменико Поцовиво (АГ2Р Ла Мондиал), кој беше „фатен“ во падот на три километри пред финишот и загуби десетина секунди.

Најново во Други спортови