ЛИДЕРОТ СО ДОБАР ПОЧЕТОК

ТРГНУВА ТУРНЕЈАТА – 4 СКОКАЛНИЦИ: Фрајтаг најдобар во првите квалификaции

Германскиот скокач Рихард Фрајтаг оствари најдобар резултат во квалификациите за првото натпреварување на „четирите скокалници", она во германскиот Оберсдорф.

објавено: 30 декември 2017 - 10:35

Рихард Фрајтаг, првопласираниот во Светскиот куп, на најдобар можен начин ја искористи улогата на фаворит пред стартот на Новогодишната турнеја. Пред се затоа то првие квалифгикации, оние во германскиот Оберсдорф ги завриши со најмногу освоени бодови.

Второто место го зазема Јапонецот Јуниширо Кобајаши, додека трет беше актуелниот освојувач на Светскиот куп, Штефан Крафт.
Инаку најдобар односно најдолг скок од 140. Имаше Норвежанецот Јохан Андре Форфснг, но компензацијата поради ветерот не беше на неговата страна.
Инаку, скоковите во Оберсдорф, оние официјалните се закажани за денеска, од 16.30 часот.
Два дена подоцна, турнејата се сели во Гармиш-Партенкирхен, а потоа следуваат и натпреварувањата во Австрија. Прво во Инсбрук на 4. јануари, а четири дена подоцна, ќе се лета во Бишефсхофен (следната сабота).

Најново во Други спортови