Младите македонски боксери успешни на меѓународна сцена

Три медали за боксерите на Баргала

Викендов, боксерите на Баргала учествуваа на два меѓународни турнири во Мостар и Приштина.

објавено: 28 мај 2018 - 11:30

Викендов, боксерите на Баргала учествуваа на два меѓународни турнири во Мостар и Приштина.

Од двата турнири, боксерите на тренерот и селектор Петар Чурлиновски се вратија со медали. Сребрен медал на турнирот во Мостар, каде имаше голема конкуренција - учествуваа 56 боксери од Европа, освои младиот боксер Серген Демиров.
На турнирот во Приштина, со златни медали се вратија Елез Асанов и Алпај Демиров.

„Ова е голем успех за македонскиот бокс. Младите боксери се докажуваат. Работиме напорно и резултатите не изостануваат. Овие млади боксери можат и повеќе. Верувам дека ќе се радуваме и на некое ЕП, ќе донесеме медал"- изјави Петар Чурлиновски по успесите на боксерите во Приштина и Мостар.
К.МАНЕВ

Најново во Други спортови