Невиден инцидент

Триатлонец преживеал хорор, насилници со пила му ги сечеле нозете

Мхленги Гвала, еден од најдобрите триатлонци во Јужна Африка е надвор од животна опасност, по хорор случката во Дурбан, третиот најголем град во државата

објавено: 8 март 2018 - 20:00

Мхленги Гвала, еден од најдобрите триатлонци во Јужна Африка е надвор од животна опасност, по хорор случката во Дурбан, третиот најголем град во државата.

Тројца непознати насилници го собориле триатлонецот среде улица и потоа го одвлечкале до грмушките во паркот, па почнале со пила да му ја сечат ногата. Во бизарниот инцидент, среќа за Гвала е што пилата не била остра, па заглавила кога стасала до коската. Насилниците не престанале со невидениот акт и се обиделе да му ја исечат другата нога, но се откажале.

„Мислев дека сакаат да ме ограбат, па застамав и им го дадов телефонот. Не го сакаа, ниту него, ниту часовникот и велосипедот. Насила ме одвлекоа во грмушките и тогаш почна хоророт. Не ги познавам и не знам што им беше целта“, изјави Гвала.

Тој заврши во болница и е надвор од животна опасност, а докторите велат дека ќе му ја спасат ногата и Мхленги повторно ќе може нормално да оди и да се натпреварува, но процесот на закрепнување жќе биде долг.

Најново во Други спортови