ЕВРОПСКИОТ ПРАВАК ТРГНА ВО ГОЛЕМ СТИЛ

Убедливи триумфи на Алкалоид и на Гамбит

Европскиот првак Алкалоид ја стартуваше новата сезона во европскиот куп со победа над италијанскиот Аугуста Перуџа во првото коло.

објавено: 8 октомври 2017 - 20:12

Европскиот првак Алкалоид ја стартуваше новата сезона во европскиот куп со победа над италијанскиот Аугуста Перуџа во првото коло. По ремито меѓу Динг и Лодичи, следуваа четири победи по ред на претставниците на нашата екипа. Дмитри Андреикин, Јангју Ју и Димитри Јаковенко, Јури Криворучко го доведоа Алкалоид до предност од 4,5:0,5.

Последната рунда им припадна на гостите, затоа што Филип Панчевски го изгуби дуелот со Сересин Франческо па конечниот резултат гласеше 4,5-1,5 за македонскиот тим.

И вториот наш претставник Асеко Гамбит стартуваше со убедлива победа над исландскиот Викинг со 6:0.

ЕКК се одржува во Анталија, Турција од 7 до 15 октомври.

Најново во Други спортови