ПО СЕДУМ ЕТАПИ ЗАВРШИ НОРДИСКАТА СЕРИЈА

Устјугов убедлив, Венг за влакно на Тур де Ски

Русинот Сергеј Устјугов со шест победи во седум етапи на Тур де Ски убедливо го освои трофејот на нордиската елитна серија, додека Норвежанката Хајди Венг стигна до победа во последен момент

објавено: 8 јануари 2017 - 17:30

На последната, можеби и најтешка етапа - 9-километарското искачување во италијанскиот ски-центар Вал ди Фиеме, Устјугов ја заддржа предноста од 1:12 пред норвешкиот шампион од СК, Мартин Јонсруд Сундби, додека третото место го освои Швајцарецот Дарио Колоња.

Устјугов е вториот Русин со победа на трката по Александер Легков, олимпискиот шампион кој победи во 2013, но не му беше дозволен старт оваа година поради наводната поврзаност со допинг-истрагата за Олимпијадата во Сочи 2014.

Кај дамите, Норвежанката Хајди Венг стигна до победа во генерален пласман, откако на 9-километарската трка во Вал ди Фиеме победи со предност од 38 секунди пред Американката Лиз Стивенс. Ова беше прва етапна победа на Венг на Тур де Ски и сега е прва победничка која немала барем две етапни победи.

Најново во Други спортови