СЕ ВЖЕШТУВА АТМОСФЕРАТА

Вајлдер: Маската ми дава посебна моќ! Фјури: Ќе му го откорнам срцето

Во недела околу пет часот наутро, во Лос Анџелес ќе се одржи боксерската пресметка на годината за ВБЦ појасот, во рингот ќе влезат Тајсон Фјури и Деонте Вајлдер.

објавено: 1 декември 2018 - 09:27

Во недела околу пет часот наутро, во Лос Анџелес ќе се одржи боксерската пресметка на годината за ВБЦ појасот, во рингот ќе влезат Тајсон Фјури и Деонте Вајлдер. Двајцата боксери за време на мерењето си испратија пораки, Фјури беше најгласен, се обиде да го испровоцира Вајлдер, но не успеа. Виде снимка може да видите на овој ЛИНК. 

Вајлдер кој се појави со нова маска на лицето, најави дека ова е неговово време..

„Маската ми претставува се. Чувствувам дека ќе бидам крал на дивизијата и дека сум најдобар. Подготвен сум да ја покажам својата сила против било кого во светот. Кога ќе ја ставам маската се менувам, ме обзема посебна моќ, не можам да објаснам што ми се случува. Ова го чекав целата моја кариера, ова е мое време. Фјури го имаше своето кога го доби Клучко, сега ќе покажам колку можам добро да боксувам, колку можам да доминирам".

На другата страна Фјури во свој стил му се закани на Вајлдер.

„Го победив Кличко во Дизелдорф, тоа ќе му се случи на Вајлдер. Не сакам победа базирана на некои одлуки. Или ќе изгубам или од рингот ќе го изнесат со носили. Нема калкулации, ќе му го извадам срцето и ќе го нахранам со него. Ако мисли дека може да ме нокаутира, ќе мора многу да се потруди“.

 

Најново во Други спортови