ШПАНСКИОТ ВЕТЕРАН УШТЕ Е ВО ДОБРА ФОРМА

Валверде по петти пат ја доби „валонската стрела“

Одличниот старт на 2017 продолжува за Алехандро Валверде, кој по четврти пат едноподруго победи на Флеше Валоне класичната велосипедска трка на Ардените во Белгија

објавено: 19 април 2017 - 20:24

Велосипедистот на Мовистар сега е главен фаворит за победа на неделната Лиеж-Бастоњ-Лиеж, четвртата од петте „монументални“ класични трки на календарот.

36-годишниот Валверде, кој победи на Трката околу Мурсија, Трката околу Андалузија, Трката околу Каталонија и Трката околу Баскија оваа година, се одвои на 150 метри пред финишот за победа пред Ирецот Ден Мартин и Белгиецот Дилан Тојнс.

„Клучот на оваа трка е трпеливоста“, вели Валверде, кој покрај четирите победи во низа, триуфмираше и во 2006 година.

Најново во Други спортови