НА ДОЧЕКОТ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ШТИП!

Величенствен дочек за Дејан Митров

За „бронзеното момче" од Медитеранските Игри во Тарагона, во Штип беше организирана посебна церемонија.

објавено: 2 јули 2018 - 10:00

Дејан Митров по вторпат ја донесе бронзата од МИ.Првпат тоа се случи 2013 година во Мерсин, Турција.

На пречекот беше и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој како да е роден со „златна ѕвезда", па со неговото доаѓање на значајната функција во градот, речиси сите спортисти почнаа да редат само успеси...

Емил Павлов стана европски шампион во карате, неговиот клупски другар Жарко Арсовски беше трет на МИ, боксерите, кик боксерите, џио џицу клубот „Осенсеи", пингпонгарите, пливачите... во последните месеци се меѓу најдобрите во Македонија..

„Штета што не го освоив ’златото’ на Игрите во Тарагона. Имав водство на седум секунди при крајот на борбата со претставникот на Египет. Згрешив, не ги познавав и новите правила, па случајно, со едната рака го фатив противникот за рамката на дресот, што значеше два поена за него, а за мене еден казнен поен. Водев со 7-5, а на крајот беше 9-6 за противникот. Но, задоволен сум"- рече Митров, кој од клубот доби парична награда од 500 евра

Младиот борач Стефан Штерјов, за петтото место на ЕП за деца во Унгарија, беше награден со 200 евра во денарска противредност.

К.Манев

Најново во Други спортови