ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ НА КАЈАКАРСКИОТ СПОРТ

ВЕЛИГДЕН Е: Половина век од постоење на ИКАС

Еден од најголемите православни празници, Велигден, оваа година ќе биде збогатен со јубилејниот 50ти по ред ИКАС и Европскиот куп во спуст, а преубавата Матка ќе биде дом на над 70 домашни и странски кајакари.

објавено: 5 април 2018 - 15:30

Еден од најголемите православни празници, Велигден, оваа година ќе биде збогатен со јубилејниот 50ти по ред ИКАС и Европскиот куп во спуст, а преубавата Матка ќе биде дом на над 70 домашни и странски кајакари.

По тој повод, во Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на кои свое обраќање имаше Директорот Каевски, претседателот на Комитетот за слалом при Светската кајакарска федерација Томислав Црнковиќ, претседателот на комитетот за слалом при КФМ Димче Стефановски, и претседателот на Кајакарската федерација на Македонија Коста Ефтимов.

„ Заложбата за поддршка на еден од најстарите спортски настани во југоисточна Европа останува и понатаму. Кајакарството во Македонија има традиција, резултат и претставува спорт кој освен спортските привилегии нуди и промоција на природните и културни вредности во Македонија“ -  изјави Каевски.

Преку 70 натпреварувачи од 14 земји во светот меѓу кои Словенија, Русија, Хрватска, во сабота ќе учествуваат на спустот и квалификациите за слалом, додека пак полуфиналните и финалните натпревари се во недела.

„Огромно задоволство е повторно да сме во Македонија, во земјата која има идеални услови за одржување на еден ваков спортски настан. Нашето пријателско партнерство со кајакарската федерација на Македонија продолжува и понатаму, изјави Црнковиќ.

За техничките детали на трките, деталите околу тајмингот на натпреварите и бројот на учесници зборуваа претседателот на Комитетот за слалом при КФМ Димче Стефановски,и претседателот на Кајакарската федерација на Македонија Коста Ефтимов.

Вечерва во 19 часот е свеченото отворање во Музеј на град Скопје.

Најново во Други спортови