Македонија има медалист од Младинските игри во Аргентина

Весели има бронза во џеб, ќе се бори за финале во Буенос Аирес!

Македонскиот каратист Фаик Весели успеа да се избори за пласман во полуфиналните борби во својата тежинска категорија, а со тоа и да си обезбеди најмалку бронзен медал од МОИ.

објавено: 17 октомври 2018 - 19:15

Македонија го има првиот медалист на Младинските олимписки игри кои се одржуваат во Буенос Аирес. Македонскиот каратист Фаик Весели успеа да се избори за пласман во полуфиналните борби во својата тежинска категорија, а со тоа и да си обезбеди најмалку бронзен медал од МОИ.

Тој во полуфиналето ќе се бори против Јамаока Масаки (Јапонија) и доколку победи ќе добие шанса во финалната борба да се бори дури и за олимписко злато. Поразените каратисти без борба ќе добијат бронзени медали.

Од Македонскиот олимписки комитет денеска ја потврдија веста со информација дека овој успех на Весели и без разлика на битката во полуфиналето е најголемиот успех на македонскиот спорт во младинска конкуренција, кога се Олимписките настани во прашање.

Најново во Други спортови