ГОЛЕМАТА САЛА ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ДОБИ НОВО ИМЕ

„ВИП Арена“ за поголеми успеси на македонскиот спорт

Компанијата „Оне.Вип" и СЦ „Борис Трајковски" потпишаа договор за деловна соработка кој опфаќа целосно брендирање на дел од капацитетите на спортскиот центар под брендот Вип, како и именување на мултифункционалната спортска арена во „ВИП арена“ и дел од останатите спортски објекти соодветно.

објавено: 15 февруари 2016 - 13:25

Спортскиот центар кој го носи името на поранешниот претседател на Република Македонија е изграден во 2008 година од страна на Владата на Република Македонија. Во состав на спортскиот центар се наоѓа мултифункционална спортска сала која е еден од најголемите репрезентативени спортски објекти на Република Македонија и која во скоро време ќе биде преименувана во „ВИП Арена“.

Од постигната соработка задоволен е директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински кој вели дека комплексот добил една сериозна компанија за доверлив деловен партнер, а слично мислење дели и Никола Љушев, извршниот директор на „Оне.Вип“ кој вели дека двете страни ќе учествуваат во поттикнување на здравото живеење кај сите граѓани. Исто така, најавени се и хуманитарни проекти во кои учесници ќе бидат токму СЦ „Борис Трајковски“ и новиот партнер „Оне.Вип“.

Договорот за соработка помеѓу оне.Вип ДОО Скопје и Спортскиот Центар „Борис Трајковски" се потпиша во времетраење од две година, со можност за продолжување на уште две години, а започнува да важи од 15 февруари 2016 година. Условите и сумата на договорот остануваат во рамки на деловни информации.

Најново во Други спортови