НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КУГЛАЊЕ

Влакевски петти во квалификациите, познат следниот ривал

Македонскиот репрезентативец има германски противник во 16-финалето, а за Трпковска заврши настапот 

објавено: 22 мај 2018 - 19:15

На Светското поединечно првенство во Клуж, Романија, македонските куглари имаа различни резултати во првата рунда. Тања Трпковска претпладнево со солиден резултат за македонски прилики од 551 соборени дрва, квалификациите ги заврши на 56. место од 64 кугларки.

Бојан Влакевски со резултат од 660, по завршувањето на квалификациите е на одличното 5.место во конкуренција на 64 куглари. Сега во првото елиминациско коло, в четврток околу пладне, тој ќе игра со Матијас Дирнбергер од Германија кој беше 28-ми со резултат од 620. Ако го елиминира Германецот, Влакевски во осминафиналето ќе има дуел со Србинот Јоветиќ (21. во квалификациите) или Унгарецот Козма (12-ти). 

Утре се играат натпреврите во дисциплинита тандем микс и спринт. Македонија ќе ја претставуваат Борис Бенедик и Билјана Гаврилова. 

 

Најново во Други спортови