НАШИТЕ КУГЛАРИ ЦЕНЕТИ ВО ХРВАТСКА

Влаќевски и Димитровски прејдоа во хрватската елита

Поранешните соиграчи од Макпетрол и Вардар 2014, после една сезона во загрепски Медвешчак, во следната сезона ќе играат на различни страни

објавено: 2 јули 2018 - 13:35

Македонските кугларски репрезентативци Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски, потпишаа договори со двете најамбициозни хрватски екипи и во следната сезона ќе водат битка еден против друг за трофејот во една од најсилните лиги во Европа. Тандемот Димитровски и Влаќевски седум години беа клупски колеги во Макпетрол, потоа две години го носеа дресот на Вардар 2014, чиј претседател е Димитровски, а минатата сезона играа за загрепски Медвешчак. Нивните игрите не останаа незабележани, па хрватската елита го почна „ловот“ за нивен потпис. Тие добија нови договори, но си одат од Медвешчак и после цела деценија, нема да бидат во ист клуб. 

Димитровски преминува во Метројак од Сплит. Овој тим лани беше вице-првак, а сезоната пред тоа беше шампион. 

Влаќевски ќе игра за ривалот Запрешиќ кој сезонава беше шампион, а претходно беше вице-првак зад Метројак. Тој годинава настапи на Светското поединечно првенство како претставник на Македонија, а стана и првиот наш куглар кој во една игра соборил над 700 дрва. 

Најново во Други спортови