„МАКПЕТРОЛ“ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НЕОФИЦИЈАЛНОТО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Во Истанбул по подобар рејтинг!

"Нашата основна наша цел на овој турнир оди во две насоки. Првично е темпирање на формата за нашите кандидати кои треба да настапат на Светското младинско првенство кое треба да се одржи во Тенерифе, Втора цел е подобрување на ранг листата на секој спортист во својата тежинска категорија на Светската ранг листа“- појаснува тренерот Бошко Заборски.

објавено: 21 септември 2017 - 17:35

Денеска, во вечерните часови каратистите на скопски Макпетрол, ќе заминат за Истанбул, на силниот турнир од така наречената „А" серија од Светската Премиер Карате Лига.
На турнирот кој ќе се одржи за време на следниот викенд, заминуваат стандардните репрезентативки-ци:

1. Сара Радичевска категорија -50 кг
2. Симона Заборска категорија -55 кг
3.Моника Пендаровска категорија -55 кг
4.Наташа Стефановска категорија -61 кг
5.Моника Стефановска категорија -68 кг
6.Анѓела Мојсовска категорија -68 кг
7.Петар Заборски категорија -75 кг

"Нашата основна наша цел на овој турнир оди во две насоки. Првично е темпирање на формата за нашите кандидати кои треба да настапат на Светското младинско првенство кое треба да се одржи во Тенерифе, Втора цел е подобрување на ранг листата на секој спортист во својата тежинска категорија на Светската ранг листа.

Ова е многу важно за нас бидејќи од следната година само прворангираните 50 спортисти во секоја тежинска категорија ќе можат да учествуваат на турнирите кои ги организира Светската Карате федерација или 1 Премиер карате лиги, кои ќе бидат и критериумски назначени турнири за собирање бодови и учество на Олимпијадата во Токио 2020 година", појаснува тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Нема да биде ни малку лесно да се направи добар пласман или пак да се освои медал бидејќи конкуренцијата е огромна и многу квалитетна.

„Во Истанбул ќе има каратисти-ки, од рекордни 89 држави од целиот свет со 1262 пријавени натпреварувачи кои доаѓаат од 293 клубови, и дополнително и комплетни национални тимови, само во сениорска конкуренција. Еден ваков натпревар е во рангот на официјално светско првенство", дополнува Заборски.

Најново во Други спортови