ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Во Пјонгчанг доделен првиот златен медал и падна првиот рекорд

Швеѓанката, Шарлот Кала го освои првиот златен медал на 23. Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во Пјонгчанг.

објавено: 10 февруари 2018 - 10:40

Швеѓанката Шарлот Кала го освои првиот златен медал на 23. Зимски олимписки игри кои се одржуваат во Пјонгчанг. Кала победи во скијатлон, откако долгата патека од 15 километри ја мина за време од 40:44.9 минути. Швеѓанката беше осум секунди подобра од Норвежанката Марит Бјерген, третото место и припадна на Криста Пармакоски од Финска.

Во центарот на вниманието беше Бјерген, со 11. медал на Зимските олимписки игри, таа го урна рекордот и влезе во историјата. На олимпијадите има освоено осум златни, четири сребрени и еден бронзен медал.

 

Најново во Други спортови