ПОДГОТВЕНИ ЗА ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКИОТ КУП

Во Словенија скоковите се „религија“

Јанез Горишек е архитектот кој ја искористи страста на Словенците кон скијачките скокови за да ја дизајнира „леталницата" во Планица, каде што оваа недела ќе заврши сезоната од Светскиот куп

објавено: 20 март 2017 - 19:29

Горишек, кој е поранешен скокач со настап на Олимпијадата во 1956 година, на своите 83 години не ја загуби страста кон скоковите.

„Спорт број 1 во Словенија се скијачките скокови. Секое дете знае како да скока“, вели Горишек.

Десетици илјади фанови ќе се појават на Планица оваа недела, а се очекува барем третина Словенци да ги следат настаните на ТВ.

Скоковите во Словенија почнуваат во 1930-тите, кога Словенија беше дел од Југославија. Токму тука во 1936 година, Австриецот Сеп Брадл го направи првиот скок над 100 метри. Во 1994 година, кратко по независноста на Словенија, Финецот Тони Ниеминен беше првито кој скокна 200 метри.

Скокалницата во Планица официјално се вика „Леталница на браќата Горишек“, по дизајнерот Горишек и неговиот покоен брат Ладо. Таа постојано се унапредува и на неа се достигнуваат далечини од 250 метри.

„Кога ја преземав Планица границата беше 150 метри. Кажав да одиме на 200. Кога стигнавме до 200, кажав одиме на 250. Сега одиме на 300!“, вели Горишек.

Техниката и дизајнерските вештини на Горишек подоцна беа искористени за новите леталници во Викерсунд, Норвешка, во Оберстдорф, Германија, како и во соседната Австрија во Кулм-Бад Митерндорф. Од 2015 година, Планица повторно е најголемата скокалница

Најново во Други спортови