АМЕРИКАНКАТА, КОНЕЧНО, ВО АКЦИЈА

Вон се враќа овој викенд

Американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон во интервју за „Еуроспорт" откри дека ќе го направи долгоочекуваниот кам-бек на скии овој викенд во австрискиот Алтемаркт-Цаухензе

објавено: 11 јануари 2017 - 18:00

32-годишната Вон, четирикратна шампионка од Светскиот куп, планираше да се врати од повредата на коленото на стартот на сезоната, но ја скрши десната рака при тренинг во Колорадо во ноември. Таа имаше интензивен тримесечен програм за рехабилитација и сега ќе продолжи по рекордот на Ингемар Стенмарк од 86 победи во кариерата. Вон во моментов има 76.

„Не можам да опишам колку сум возбудена што се враќам на скијањето. Ова беа многу тешки три месеци со над 300 часа рехабилитација, но на крајот се исплатеше. Токму во Алтенмаркт го срушив рекордот за победи во спуст и тоа пред Анемари Мозер-Прел минатата година и е совршено место за кам-бек“, вели Вон.

Најново во Други спортови