АМЕРИКАНКАТА НЕ МОЖЕ БЕЗ БРЗИНАТА

Вон се враќа веќе следната недела?

Линдзи Вон може да го има својот кам-бек во Светскиот куп во алпско скијање веќе следната недела, два месеци по операцијата на скршената рака

објавено: 5 јануари 2017 - 19:50

Директорот на американскиот алпски тим, Патрик Римл, вели дека Вон се вратила на тренинзи во Колорадо оваа недела и дека планира да замине за Европа во текот на викендот.

„Имаше неколку слободни пуштања и нејзиниот тренер Крис Најт доаѓа во Колорадо веќе вечерва. Ќе видиме што ќе одлучат“, вели Римл.

Следни трки на календарот се спустот и трката во комбинација во Алтенмаркт на 14 и 15 јануари, а потоа има нови брзински трки во Германија и Италија пред Светското првенство во Швајцарија од 6 до 19 февруари.

Четирикратната шампионка од Светскиот куп, која ја скрши раката на тренинг во Колорадо во ноември, се нема тркано откако го скрши левото колено при пад на супер-џи трката во февруари 2016. Таа планираше да ја почне сезоната на брзинските трки во ноември, пред повторно да се повреди.

Најново во Други спортови