ТРГНАА ЗА НОВИ САД КАДЕ ИМА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, НО...

Забранет влез во Србија за косовските каратисти

Според Србите, карате делегацијата не ги испочитувале процедурите, а од Косово сметаат дека одлуката е политичка и донесена од страв

објавено: 9 мај 2018 - 11:45

Две групи со косовски каратисти кои тргнале на Европското првенство во Нови Сад, биле вратени од административниот граничен премин. Соопштено е дека тие се вратени во текот на ноќта, бидејќи не ги испочитувале сите процедури, предвидени со Договорот за официјални посети.

„И покрај желбата на Србија да им биде добар домаќин на сите спортисти на претстојното ЕП во карате, спортистите од Косово и Метохија нема да бидат дел од натпреварувањето, бидејќи спортот им беше во втор план. Лицата кои се обидоа да влезат на територијата на централна Србија во две различни групи и во два различни термини, што е вон договорот, беа вратени назад“ - рекоа од канцеларијата за Косово и Метохија.

Шампионатот ќе се одржи од 10 до 12 мај. Организаторите дозволиле неутрален статус на каратистите, но на граничниот премин Медаре, некои членови на делегацијата носеле обележја на Косово, и тоа за Србите било провокација, а и пријавата за учество на првенството била задоцнета. 

Најново во Други спортови