На Отвореното превенство на Јапонија

Загитова го собори светскиот рекорд во уметничко лизгање

објавено: 6 октомври 2018 - 15:30

Олимписката шампионка од Сочи во уметничко лизгање, Русинката Алина Загитова, постави нов светскиот рекорд во слободна програма на Отвореното првенство на Јапонија.

16-годишната Русинка која настапуваше како дел од европскиот тим доби 159,18 поени за својот настап. Така, Загитова го подобри својот претходен рекорд од 158,50 поени, што го постави на крајот од септември оваа година на турнир во Германија.

Пред почетокот на новата сезона, Меѓународната лизгачка унија (ИСУ) ги ресетира сите претходни рекорди, признавајќи ги како историски, поради промената на системот за оценување. Историскиот рекорд во слободната програма и припаѓа на Русинката Евгенија Медведева - 160,46 поени.

Најново во Други спортови