На Светскиот Карате Куп, 1 Младинска лига во Умаг

Златен медал за Абдурахим Идризи

Каратистот на „Макпетрол", Абдурахим Идризи (-55 кг), го освои златниот медал во светската Карате 1 Младинска лига во Умаг, Хрватска, тој во јуниорска конкуренција. во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.

објавено: 10 јули 2018 - 09:07

Каратистот на „Макпетрол", Абдурахим Идризи (-55 кг), го освои златниот медал во светската Карате 1 Младинска лига во Умаг, Хрватска, тој во јуниорска конкуренција. во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.

Претходно Идризи забележа четири победи.

„Многу сум задоволен од настапот на нашиот млад каратист Абдурахим Идризи на Светскиот куп кој се одржа во Умаг, Хрватска. Идризи настапи во Јуниорска конкуренција во дисциплината борби во категорија (-55кг), тој забележа пет последователни победи и заслужено го освои златниот медал од ова највисоко рангирано натпреварување кое го организира Светската карате федерација.
Најубедливи се победите во полуфиналната и финалната борба кога тој буквално ги декласираше своите противници и со голема бодовна разлика успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Идризи со своето учество на последните првенства, докажува дека постепено прераснува во голем карате потенцијал на кој ќе може да смета Македонија во иднина" - изјави тренерот на К.К.„Макпетрол", Бошко Заборски.

Светскиот куп беше многу масовен со учество на 1874 натпреварувачи од 74 држави од целиот свет.

Резултати
(категорија -55 кг)
Абдурахим Идризи – Лукас Томас (Германија) 0-0
Абдурахим Идризи – Мирнес Аговиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Абдурахим Идризи – Максим Падолски (Белорусија) 2-2
Абдурахим Идризи – Никита Филипов (Украина) 5-0
Финале
Абдурахим Идризи – Максим Краснов (Русија) 7-2

Најново во Други спортови