Заврши 48. издание на боксерската ревија

„Златниот Гонг“ патува за Романија во рацете на Думитру Викол

Романецот Викол е годинешен победник на „Златниот Гонг“. Двајца македонски боксери остварија победи во финалните борби.

објавено: 10 ноември 2018 - 15:31

Романскиот боксер Думитру Викол е годинешниот освојувач на трофејот на престижната боксерска манифестација „Златен Гонг“. Викол кој победи во финалето во категоријата до 75 килограми со 3:0 против нашиот боксер Октај Фератов.

Наградата за најдобат техничар му припадна на бугарскиот боксер Бојан Асенов, додека најдобар македонски боксер на ова издание на „Златниот Гонг“ беше прогласен Јасин Љама, кој победи во финалето во категоријата до 60 килограми. Тој во финалната борба на поени со 3:0 го совлада Србинот Гавриловиќ.

Од македонските боксери победи во финалните борби оствари само уште Џан Демиров во категоријата до 54 килограми победувајќи го со 3:0 на поени Суљиќ од Србија.

Најново во Други спортови