ЗАВРШИ 47. ИЗДАНИЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА БОКСЕРСКА РЕВИЈА

„Златниот гонг“ за Албанецот Вјерда, Муаремовски најдобар македонски боксер

Македонија остана без победа на 47 по ред „Златен гонг“... На Денис Муаремовски беше одземена чиста победа...

објавено: 11 ноември 2017 - 17:00

„Златниот гонг", 47. по ред заминуа во рацете на албанскиот боксер Беким Вјерда.

Во најдобрата борб ана турнирот во Скопје, и тоа во категоријата до 61 килограм, Вјерда излезе како победник против Никола Стевановиќ од Србија.

Стевановиќ ја одбележа првата рунда со силно лево кроше против Беким Вједра (АЛБ) во првите секунди. Потоа се водеше чсита борба со мала предност за Беким, а Никола зададе три чисти аперкати на крајот. Фајтерска втора рунда во која Вједра демонстрираше голема техничка подготвеност и најчесто удираше во тело па во глава. Стевановиќ напаѓаше во третата за да го надполни изгубеното во првите две рунди, додека Вједра мудро избегнуваше директна борба чувајќи го стекнатото.

Ова беше борба за задоволство на публиката и која го одбележи ова издание на традиционалната боксерска манифестација во кое Макеоднија немаше некој особен успех. 

Алмир Нуришов боксуваше во финалето (до 56 кг), но загуби со (2:1) од Ардит Муња.

Ден порано, во полуфиналето, на Денис Муаремовски му беше одземена чиста победа, но беше прогласен за најдобар македонски боксер на оваа ревија која се одржа во малата сала на ВИП Арената “Борис Трајковски“ ов Скопје. 

 

Финале – резултати

-56 кг Алмир Нуришов (МКД) – Ардит Муња (АЛБ) 1-2

-60 кг Кренар Зенели (АЛБ) – Матео Комадина (ХРВ) 1-2

-64 кг Артан Алиу (МКД) – Индрит Соколи (АЛБ) 0-2, КО, Р1

-64 кг Мислав Ковачевиќ (ХРВ) – Виолант Силејмани (КОС) 0-3

-69 кг Лазар Станојевиќ (СРБ) – Внехард Хазирај (КОС) 2-1

-75 кг Стефан Паниќ (СРБ) – Арјон Кајоши (АЛБ) 0-3

-81 кг Никола Стевановиќ (СРБ) – Беким Вједра (АЛБ) 1-2

-91 кг Фран Ходак (ХРВ) – Марко Доциќ (СРБ) 1-2

+91 кг Петар Ходак (ХРВ) – Владан Бабиќ (СРБ) 0-2, ТКО –Р1

Најново во Други спортови