Уште четири златни медали за каратистите на Балканијадата

Злато и за Заборска и Павлов

Вториот ден на Балканското Балканското првенство во карате за сениори во Истанбул е крунисан со четири златни медали кои ги освоија Симона Заборска, Емил Павлов, машкиот тим во борби и женскиот ката тим

објавено: 26 март 2018 - 15:15

Вториот ден на Балканското првенство во карате за сениори е крунисан со четири златни медали кои ги освоија Симона Заборска, Емил Павлов, машкиот тим во борби и женскиот ката тим. Драгана Манговска освои сребрен медал, Горан Николовски бронза.

Вкупно Македонија освои 11 медали – 6 златни, 2 сребрени и 3 бронзени и е на втората позиција по број на освоени медали, зад неприкосновената Турција со 46 (16-12-18).

Претходно, Берат Јакупи (-84 кг) и Мурсељ Мисини (-75 кг) станаа блакански шампиони, а Вероника Костовска (-61 кг) вицешампионка, додека Наташа Стефановска (-61 кг) и Азиз Исмаил (-75 кг) освоија бронзени медали.

ФОТО: ИПОН.МК

Резултати

50 кг
Драгана Манговска – Славка Петровиќ (Србијаstrong>) 2-0
Драгана Манговска – Фиген Јилдерим (Турција) 2-0
Драгана Манговска – Бејза Хумејра Унлусој (Турција) 3-0
Финале
Драгана Манговска – Јелена Миливојевиќ (Србија) 0-1

Сара Радичевска – Севил Баш (Турција) 0-2

-55 кг
Симона Заборска – Анџела Солдо (БиХ) 3-1
Симона Заборска – Дугче Демиш (Турција) 2-1
Симона Заборска – Јована Георгиева 2-1
Финале
Симона Заборска – Ана Драшковиќ (Црна Гора) 5-1

Јована Георгиева – Дајана Црноглавац (БиХ) 5-1
Јована Георгиева – Даје Бирсу Озмазјаџи (Турција) 0-0
Јована Георгиева – Симона Заборска 1-2
За бронза
Јована Георгиева – Анџела Солдо (БиХ) 1-2

Моника Пендаровска – Марија Кристна Ротару (Романија) 2-0
Моника Пендаровска – Гулсен Демиртурк (Турција) 1-2

Сара Крстевска – Лилјана Пендиќ (Хрватска) 2-0
Сара Крстевска – Ана Драшковиќ (Црна Гора) 0-1
Репасаж
Сара Крстевска – Дуња Максиќ (Србија) 1-2

-60 кг
Емил Павлов – Фуркан Коркмаз (Турција) 5-0
Емил Павлов – Милош Џаковиќ (Србија) 5-0
Емил Павлов – Марко Рукавина (Хрватска) 3-1
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-1
Финале
Емил Павловг – Арифи Оргес (Косово) 2-0

Горан Николовски – Милјан Цациќ (Србија) 2-0
Горан Николовски – Арифи Оргес (Косово) 0-2
Репасаж
Горан Николовски – Дејан Витор (БиХ) 5-3
За бронза
Горан Николовски – Блаж Хрибовшек (Словенија) 3-2

Шабан Муртиши – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 0-10
Ардит Марку – Блаж Хирбовшек (Словенија) 0-1

Ката тим мажи (Бановски, Димитријевски, Васиќ)
Македонија – Црна Гора 0-5
За бронза
Македонија – Хрватска 0-5

Ката тим жени (Димоска, Димоска, Камческа)
Македонија –– Турција 5-0
Финале
Македонија – Црна Гора 4-1

Кумите тим мажи (Арсовски, Јакупи, Келебиќ, Крстевски, Несторовски, Павлов, Спасеновски)
Македонија – Србија 3-0
Македонија – Хрватска 3-0
Финале
Македонија – Босна и Хрецеговина 3-2

Кумите тим жени (Костовска, Мојсовска, Стефановска, Стефановска)
Македонија – Бугарија 6-1
Македонија – Црна Гора 6-1
Македонија – Хрватска 1-3
За бронза
Македонија – Србија 1-1 (Србија е трета)

Најново во Други спортови