ТРЕНИНГ ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА ВО ПЈОНГЧАНГ

Зошто по лифт кога може „на мускули"?! (ВИДЕО)

Акробатскиот скијач од Швајцарија, Фабијан Беш сеуште не излегол на олимписките борилишта, но веќе стана една од ѕвездите на собирот во Јужна Кореја...

објавено: 13 февруари 2018 - 17:10

Акробатскиот скијач од Швајцарија, Фабијан Беш сеуште не излегол на олимписките борилишта, но веќе стана една од ѕвездите на собирот во Јужна Кореја...

Причината зошто е тоа така е дека не го користи оној вообичаен начин да се искачи еден спрат погоре во олимпиското село, туку користи нешто поекстремна метода. И згора на тоа, го прави тоа премногу опуштено.
Наместо да се искачи со помош на лифтот, Беш се закачи за лентата покрај него, потполно се вкочани, и кога дојде до самиот врв, онака „лабаво" ја прескокна оградата.
Иако патот му траеше нешто подолго отколку на човекот кој „регуларно" го користеше лифтот, сигурно е дека на Швајцарецот му беше многу позабавно.
Па и на оние кои го снимија овој несекојденевен момент на искачувањe.  

 

A post shared by Fabian Bösch (@buhsch) onFeb 10, 2018 at 11:10pm PST

Најново во Други спортови