Македонскиот пливачки клуб „БЕТА ШАРКС" се враќа со нови големи успеси и секако медали, вкупно 18, меѓу кои пет златни, шест сребрени и седум бронзени.
Златни медали освоија Димитар Бошнаков во дисциплината 100 метри грбно пливање, Виктор Буклевски на 50 метри слободен стил и градно пливање, Леонел Илиев на 50 метри грбно пливање и Сара Јанковиќ на 50 метри градно пливање.
Пливачите од ПК БЕТА ШАРКС успешно се претставија во своите категории:
Бошнаков Димитар
прво место - 100 метри грбно пливање
трето место - 50 метри слободен стил
Буклевски Виктор
прво место - 50 метри слободен стил
прво место - 50 метри градно пливање
Леонел Илиев
прво место - 50 метри грбно пливање
второ место - 50 метри градно пливање
трето место - 50 метри делфин
Јанковиќ Сара
прво место - 50 метри градно пливање
трето место - 100 метри градно пливање
Ведран Андреев
второ место - 50 метри делфин
второ место - 100 метри делфин
Милевска Матеа
второ место - 100 метри грбно пливање
трето место - 50 метри грбно пливање
Анастасовска Сара
второ место - 100 метри грбно пливање
Милевска Миа
второ место - 50 метри делфин
Тодоровски Димитар
трето место - 100 метри градно пливање
Андреев Даријан
трето место - 50 метри делфин
Неделкоска Ивана
трето место - 100 метри грбно пливање