НЕВООБИЧАЕНА СИТУАЦИЈА НА СП ВО ПЛИВАЊЕ

Почитта кон загинатите поважна од резултатот (Видео)

Шпанскиот пливач Фернандо Алварез остана да стои мирно на трката 200 метри градно, иако судиите дадоа знак дека може да почне, борбата на Светското првенство кое се оддржува во Будимпешта.

објавено: 21 август 2017 - 09:30

Шпанскиот пливач Фернандо Алварез остана да стои мирно на трката 200 метри градно, иако судиите дадоа знак дека може да почне, борбата на Светското првенство кое се оддржува во Будимпешта. Алварез реши да остане мирно во знак да оддаде почит за загинатите жртви во терористичкиот напад, кој неодамна се случи во Барселона.

Пливачот побара од организаторот пред трката да има едноминутно молчење во чест на 14 жртви во Барселона. Сепак ова негово барање беше одбиено, со образложение дека според распоредот нема време да се даде едноминутно молчење. Револтиран што беше одбиено неговото барање, Алварез реши сам да оддаде почит на жртвите.

Откако беше даден старт за трката, сите пливачи влегоа во водата, но Алварез остана да стои мирно во знак на почит за загинатите. Дури отпосле, Шпанецот влезе во базенот и исплива, но остана без шанси за било каков успех на спортски план.

„Морав да го направам тоа. Тоа ми беше поважно од сите медали на светот", рече Алварез по трката.

Најново во Други спортови