СЕ ВЖЕШТУВА АТМОСФЕРАТА

Почна тепањето: Навивачи на Мекгрегор го нападнаа Мејведер (Видео)

Сите со нетрпение ја очекуваат „борбата на векот“, која ќе биде на 26 август

објавено: 19 јули 2017 - 13:07

Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер веќе 10-тина дена се на постојани промоции во пресрет на нивната меѓусебна борба која ќе се одржи следниот месец во Лас Вегас. Двајцата борци досега си упатија еден куп навреди, но ниту еднаш не дојде до посериозен физички контакт. 

На последното нивно соочување, во Лондон, се случи инцидент во кој беше вклучен Мејведер и навивачите на Мекгрегор. Десетина фанови на ирскиот борец го опколија возилото на Флојд и започнаа да маваат по стаклата и каросеријата на „Ролс Ројсот“ во кој беше Мејведер. 

За да се спречи поголем инцидент, мораше да реагира обезбедувањето на Мејведер. Тие излегоа од автомобилот и почнаа да ги буткаат навивачите да се одалечат од возилото. Интересно е што во тој момент возилото забрза и удри еден од луѓето од обезбедувањето. Тој падна на асфалтот, на воодушевување на симпатизерите на Конор.  

Најново во Други спортови