ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „СПОРТМЕДИА“

Поп Ацев: Имам шанси да ја одбранам светската титула!

Македонскиот пливач настапи во Велс (Wales Swim at North Beach - Tenby) каде што забележа две победи, имаше најдобро време од 47:16.

објавено: 18 јули 2018 - 11:30

Ексклузивно за „Спортмедиа" говореше Евгениј Поп Ацев околу подготовките пред наредните две трки од серијата FINA Ultra Marathon Swim Series 2018.

„Подготовките течат добро, имав две контролни трки во Велс на кои имав добар настап и две победи. Задоволен сум од досега сработеното и резултатите".

Во Коронда (Аргентина) бевте четвртопласиран, нашиот втор претставник Александар Илиевски на осмата позиција, а победник беше Гиљермо Бертола.

Како гледате на наредните две трки во Ст. Жан (Канада) на 28. јули и традиционалниот Охридски пливачки маратон. Како ги гледате шансите за уште подобар резултат и секако генералниот пласман?

„Се надевам дека во Канада уште повеќе ќе ја подигнам формата и ќе имам добар настап и можен подиум. План е врвот на формата да ми биде за Европското Првенство во Глазгов и Охридскиот Маратон.Ќе одам на победа Во Охрид како и изминатите години.

Иако моментално сум четврти не губам надеж и сеуште мислам дека имам шанси да ја одбранам ланската титула, само треба на секоја трка да се настапи најдобро и да се извлече максимум".

Најново во Други спортови