МАКЕДОНСКИОТ ПЛИВАЧ Е РАЗОЧАРАН

Поп Ацев излажан од федерацијата, не ни бил пријавен за ЕП во Глазгов!

Евгениј Поп Ацев кој носи големи резултати од меѓународните настапи, за жал нема да настапи на Европското првенство во Глазгов.

објавено: 9 август 2018 - 08:00

Македонскиот пливач преку својот фејсбук профил објави дека до последен момент добивал лажни информации од ПФМ (Пливачка федерација на Македонија).

Верувал дека се е во најдобар ред, но тоа што е најтрагично што федерацијата не ни пратила пријава воопшто. Дефинитивно ваков третман не заслужува ниту еден спортист...

Најново во Други спортови