НЕУСПЕШЕН БЕШЕ НАСТАПОТ НА СКИЈАЧКАТА ПАТЕКА

Ристевски не ја заврши трката во велеслаломот во Пјонгчанг

Нашиот претставник Антонио Ристевски заврши во групата на скијачи кои не успеаа да стигнат до целната рамнина

објавено: 18 февруари 2018 - 08:18

Нашиот скијач Антонио Ристевски имаше неуспешен настап на велеслаломската трка на Олимписките игри во Пјонгчанг. Ристевски не успеа да ја заврши патеката. По првото мерно време имаше време од 17,94 секунди, што беше заостанување од 1,24 секунди од тогаш водечкиот скијач. 

Сепак, непосредно по првото мерно време, Ристовски излета од патеката и на крајот заврши меѓу оние кои не успеаа да стигнат на целната рамнина. Колку само за потсетување, нашиот скијач, пред четири години, на ЗОИ во Сочи, во оваа дисциплина заврши на 29 место, па навистина е разочарување, бидејќи се очекуваше токму сега да го покаже својот квалитет.

На крајот по двете извозени трки, Марсел Хиршер од Австрија го освои златниот медал со 2:18,04 секунди, што беше за дури 1,27 секунди пред второпласираниот Хенрик Кристоферсен од Норвешка.

Најново во Други спортови