КОГА ТОА СЕ ПРАВИ СО НЕЧОВЕЧКИ МЕТОДИ

Шокантни снимки: За да симне килограми УФЦ борец за малку ќе умреше

Дарен Тил имаше само еден ден да симне дури пет килограми, за да може да го помине мерењето на вага и да се бори во својот роден град Ливерпул

објавено: 2 јуни 2018 - 12:30

Неверојатни биле методите кои ги користел УФЦ борецот Дарен Тил за да се обиде да ослабе пет килограми за само еден ден. Тил требало да се бори во велтер категорија против Стефан Томпсон, но за едно и пол кило бил претежок на мерењето на вага. За тој еден ден успеал да ослабе само 3,5 килограми, а не посакуваните 5 килограми. 

Иако потежок за 1,5 килограми, по договор со тимот на противничкиот борец, борбата се одржа, а Тил се согласи да се откаже од 30 отсто од заработката. На крајот момчето од Ливерпул славеше по пет рунди со едногласна одлука на судиите. 

Со намера да покаже дека не паднал намерно на „вагањето“, од таборот на Тил се појави снимка во која се гледа како борецот се обидува за само еден ден да намали пет килограми од својата тежина. Сепак, наместо ефект, начинот на кој борецот намали 3,5 од посакуваните 5 килограми, го згрози светот. 

На снимката се гледа како Тил трча на патека за трчање, а е наоблечен со трениерки и џемпер за да може да се поти што е можно повеќе. По трчањето, тој веднаш продолжува со тренинг со спаринг партнер, а потоа се враќа на патеката за трчање. 

Во еден момент Тил падна со жалење дека го загубил видот и не може да гледа. Сепак, наместо да бидат прекинати суровите методи на тренинг и обид за намалување на тежината, членовите од неговиот тим го ставаат во сауна, каде ситуацијата дополнително му се влошила. 

За среќа на крајот се завршило добро, а Тил кој сепак не ослабе за посакуваните 5 килограми, на крајот се радуваше на победата. 

Најново во Други спортови