британски боксер влезе во друштво со ивандер холифилд

Со бокс му го искинаа увото, а тој сакаше да продолжи мечот (Видео)

Стефан Смит за малку ќе останеше без ушната школка на левото уво

објавено: 12 декември 2017 - 13:05

Една од најлегендарните боксерски дуел е тој меѓу Ивандер Холифилд и Мајк Тајсон од 1997 година. На тој меч, Тајсон му одгриза еден дел од увото на Холифилд и судијата мораше да го прекине мечот, а Мајк беше дисквалификуван. 

По последниве 20 години не се памти некој поголем инцидент на боксерски терен поврзан со увото на еден од боксерите. Тоа се случи на дуелот на двајцата британски боксери, Стефан Смит (32) и Франциско Варгас (32). Во еден момент Варгас го удри противникот, а левата ушна школка на Смит едноставно беше искината. 

Брзо се прошири крв по телото на Смит, а судијата беше принуден да го прекине мечот, иако повреденито боксер се правеше како да не му е ништо и се обидуваше мечот да продолжи. Подоцна Смит заврши во болница, каде лекарите успеале да ја санираат повредата и го закрпиле увото.

 

Најново во Други спортови