ОПАСНО ИЗЛЕТУВАЊЕ НА НЕКОГАШНАТА НАЈДОБРА СКИЈАЧКА

Среќа што остана жива: Линдзи Вон падна со над 100 км на час (Видео)

Дури три заштитни огради беа потребни, за да сопре паѓањето на американската скијачка

објавено: 2 декември 2017 - 13:20

Во богатата и успешна кариера, Линдзи Вон има и богата историја на повреди. Малку фалеше, американската скијачка, на последната трка во Лејк Луис да здобие страшна повреда. 

На првата спуст трка сезонава од Светскиот Куп, Вон, со полна брзина од преку 100 километри на час, ја загуби стабилноста и излета од патеката. Дури три заштитни огради беа потребни, за да ја задржат и да ја спасат од посериозни повреди. За среќа, Вон нема речиси ниедна повреда од овој пад.

Со 77 победи во Светскиот куп, Вон е најуспешната скијачка во историјата. Сега и недостасуваат само уште 10 победи, за да го стигне легендарниот Ингемар Стенмарк, кој има 86 победи во Светскиот куп. На патеката во Лејк Луис победи Корнелија Хутер од Австрија.

Најново во Други спортови