најтежок пад на досегашниот дел од ЗОИ во Пјонгчанг

Страшен пад на канадски олимпиец, прогнозите се лоши (Видео)

Според лекарските претпоставки, Крис дел Боско има скршена карлица

објавено: 21 февруари 2018 - 11:45

Уште еден тежок пад на олимпиец за време на Игрите во Пјонгчанг. Канадскиот ски-крос натпреварувач Крис дел Боско брутално падна и доживеа тешка незгода. Иако уште нема официјална потврда, се верува дека се работи за скршеница на карлицата. 

Дел Боско загуби контрола и летна дури 30 метри пред да падне странично. Несреќата се случи буквално на последниот скок на трката и малку фалеше тој да заврши трагично. Повредениот Дел Боско неколку минути лежеше повреден, пред да биде одведен во болница. 

Според проценките, ова се смета за најтежок пад на досегашниот дел од ЗОИ во Пјонгчанг. 

 

Најново во Други спортови