УШТЕ ЕДНО ИМЕ ВО ТИМОТ НА ЃОКОВИЌ

Агаси и Степанек ќе го „враќаат" Новак

Од почетокот на 2018 година, Чехот ќе биде постојан дел од тренерскиот тим на популарниот „Ноле"...

објавено: 21 ноември 2017 - 19:35

Новак Ѓоковиќ планира голем камбек во тенискиот свет, и Србинот тоа сака да почне да го прави пред крајот на оваа календарска година.

И иако досега имаше дилеми дали тоа ќе го прави под водство на Андре Агаси, сега станува јасно дека ќе добие уште поголема помош. Односно дека до пред почетокот на новата сезона, освен Агаси, во стручниот тим на српскиот тенисер ќе биде и Радек Степанек.

Иако информацијата која ја кажа екс-тренерот на Агаси, Дарен Кејхил, не е официјално потврдена, сепак, не звучи како невозможна.
Ѓоковиќ потврди, и тоа повеќе пати, дека неговата соработка со Агаси е одлична но и тоа дека му е потребен некој поранешен играч, кој никогаш не бил „број еден".

И додава дека има некој во план.

„Тој е поранешен играч, кој има завидна кариера, и во поголем дел од случаите, успевал да извади максимум. Тој не беше најдобар на светот, но беше доволно паметен и упорен. Покрај тоа, тој е личност чии вредности се слични на моите" - порача Ѓоковиќ.

Најново во Други спортови